“Нефункционална национална платформа, ученици оставени сами на себе, професори кои се соочуваат со непознавање на системот…
Вака изгледа нашето образование три недели после почетокот на учебната година.
Образовниот процес започна, а учениците и наставниците се‘ уште се соочуваат со проблеми, за кои очигледно Владата нема план како да најде решение. Скапата платформа се‘ уште не е целосно функционална, а наставниците беа ставени пред свршен чин за краток период да се снаоѓаат како да ја одржуваат он лајн наставата.
Затоа, ја прашуваме локалната самоуправа, како одговорна за образованието во Штип:
Дали секое дете располага со електронски уред за следење на он лајн наставата, или „ги пушта низ вода“ социјално необезбедените граѓани, па ќе бара физичко присуство за тие деца?
Зошто скапата платформа, се‘ уште не е комплетно во функција?
Колку наставниците се подготвени соодветно да реагираат на високото ниво на информатичка писменост на учениците?
Дали наставниците знаат што се случува позади празните прозорчиња со иницијали на учениците, или се‘ е оставено на одговорност на поединецот?
Проблемите со текот на времето се наталожуваат, а истите ќе ескалираат при првото оценување и проверка на знаење кај учениците.
Кој ќе понесе одговорност за оваа несериозност во образованието во учебната 2020/2021 година?”
-Интегрален текст на прес конференција на Советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Љубе Здравев во штипскиот совет од пред ООУ Ванчо Прќе од Штип.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заложбите на градоначалникот на Берово Петар Ружински даваат резултати: Две нови големи инвестиции во Малешевијата за подобар стандард за сите беровчани
Нова перспектива за развој на локалната економија во Пехчево
Стоп за досегашната фушерајска изградба на градежни работи во Делчево