БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Кога сте власт со работа треба да се докажете а не со контрапротести- Александар Николоски се огради од контрапротестите кои што во минатото ги организираше ВМРО-ДПМНЕ

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во синоќешното гостување во емисијата “Што мисли народот” на ТВ СТАР, Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ на прашање од водителот поврзано со делувањето на партијата во актуелната политичка состојба во државата но и во минатото, јавно се огради од контра протестите кои што претходното раководство на партијата ги организираше како тогашна власт во државата.

Николоски уште еднаш ги призна контра протестите како грешка на претходната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и се залоши за силна работа кога партијата ќе дојде на власт.

“Власта се руши на улица и се руши со континуитет не се руши на сила, ниту насилно. Тоа се времиња кои што треба да одат позади нас,. Не мислам дека во една цивилизирана, нормална демократска држава, треба било кој, било кого да руши од власт на сила. Тоа се методи од XIX не од XXI век и ние сме политичка партија која што не применува насилни методи. Ниту ги применуваме, ниту ќе ги применува. Ако алудирате на некои настани кои што се случуваа во претходниоит период кога беше претходното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, ќе ми дозволите да бидам директен не мислам дека е многу демократски власта да прави контра протести. Ние си имаме грешки од минатото, сме ги признале тие грешки секако и организирање на контра протести. Вие кога сте власт треба со работа да докажете што правите а не да организирате контра протести затоа што протести се работа на опозицијата.”

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

-соопшти Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во вчерашното гостување на програмата на регионалната телевизија ТВ СТАР.

Погледенете ги одговорите на повеќе интересни прашања одговорени во студиото на ТВ СТАР од Штип во продолжение:

https://www.facebook.com/watch/?v=382131652925520

Повеќе интересни одговори на Александар Николоски за “вмровските” работи прочитајте во сл. наши прилози:

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace