Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во своето гостување во текот на денешниот ден во емисијата “Што мисли народот” на регионалната телевизија Стар говореше за повеќе актуелни случувања во државата. Во емисијата Николоски покрај актуелната катастрофална состојба поврзана со големиот број на заразени Македонски граѓани од Корона вирусот, како резултат на штетните и импровизаторски политики на актуелната власт говореше и за политиките на ВМРО-ДПМНЕ кои што како идна власт ќе донесат промени на ваквата неподнослива состојба за граѓаните во државата.
На прашањето на водителот на кој начин ВМРО-ДПМНЕ планира да ја собори актуелната власт, како и за улогата на протестите кои што ги најави самиот Николоски пред неколку недели во тој поход, Потпретседателот Николоски соопшти дека:
“Промените во државата се многу поважни отколку освојувањето на власта затоа што имаме политичка структура која ја освои власта а како ја освои таа власт знае целата Македонска јавност со едни полудемократки и полу легални методи на претходните избори а на овие избори комплетно со нелегални активности со еден невиден поткуп, видовме и во Штип што се случуваше со поткупот кој што беше жив фатен и документиран од МВР, но обвинителството не превзема се уште ништо. Еве еден јавен апел до обвинителството во Штип да ги процесуира сите случаи кои што ги има не само за Штип. Имаше бројни случаи кои што ги документираше полицијата за поткуп а кои што обвинителството не ги се уште процесуира затоа што на тој начин го ставаат под прашалник секој кредибиулитет на секој иден изборен процес.
Клучно во Македонија е да се случат промени затоа што гледаме еден континуитет на четири годишно владеење кое што ја уназадува Македонија и нема поле во кое што не е уназадена државата. И затоа сметаме дека прав начин е комбинација на методи и на битки. Секако еден се и протестите кои што јас ги најавив во собранието при изборот на владата.”
Николоски во продолжение на својот одговор на ова прашање со конкретно разобличување на лажната моќ која што ја демонстрира СДСМ ги разниша темелите на кои што почива актуелната власт а тоа е лагата и измамата како на сопственото гласачко тело така и на сите граѓани во државата:
“Има еден феномен оваа влада а тоа е што во првата недела од формирањето на владата веќе се случија протести- нешто што не е видено во демократска Македонија овие триесетина години демократија. Јас кажав тогаш во собранието дека е ова старо-нова влада и е коалиција на лагата. СДСМ излажаа дека нема да прават коалиција со ДУИ, затоа дел од граѓаните ги гласаа, а вторите излажаа дека ќе добијат премиер-албанец, на крај добија цела влада а ќе имаат и премиер но не го добија на почеток, а дел од луѓе гласале и за тоа. Така што и едните и другите излажаа и веројатно да го кажале на почеток ова дека пример на ДУИ поважно ќе им е да ја имаат Агенцијата за патишта со цел таму да прават коруптивни зделки отколку да имаат подолго премиер, или СДСМ да кажеа дека пак ќе прави коалиција со ДУИ немаше да ги добијат овие гласови кои што ги добија. А јасно е зошто прават коалиција, затоа што се партнери во криминал.”
Во продолжение во целост проследете ја емисијата со Александар Николоски во која што тој соопштува повеќе интересни детали за актуелната битка против штетните политики на коалицијата на лагата устоличена во владата помеѓу СДСМ и ДУИ: