БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Гоце Марков: ДЕМОКРАТСКИ ШАХ-МАТ

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Далечната 1997-та…
Првите студентски обиди на идниот колумнист!?
Авангарда, бестрашност, младост…
Исто како и денес во 2020-та, освен младоста!?

ДЕМОКРАТСКИ ШАХ-МАТ

ВНАТРЕШЕН ПАТНИК
Списание на студентите при филозофски факултет
Број 7, 1997 година

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Прагот на 21-виот век е пред нашите бавни
чекори. Додека едни живаат во cjaj и гламур, другите бараат оригиналност. А виновен за овоj контраст?

Природата, се разбира, чудната човекова природа. Сакајќи да се создаде тивок ловец на информации, со богато срце и празни цебови, создаваме монструми со човечки лик и политичка нарцисоидност. Луѓето (се извинувам), народните маси сакаат експликација и супституција за реалсоциjализмот. Свеста и самоконтролата се зголемува обратно пропорционално, па за-
тоа политичките канибали треба да се запрашаат: кога? како? и зошто? Човекот е чо-
век”, а не играчка во рацете на некое несозреано властољубиво детуле. Нашиот човек и неговите пријатели доби нов општествено-политички систем. Но по неколку остри и лути зими, посакаа се да се врати
,по старо”. Зошто? Па, господо просветени просветители, политичкиот систем не се копира; тој се адаптира на општествено-политичките услови и на економската сцена. Во овој фалсификуван театар (француски плагиjат) прсти вмешаа: од ,,нискобуџетни” политичари, Бизнисмени, па се до борци од НОВ.
Сите еднострани релации на комуникација
се резултат на 50 години макотрпна работна навика и совршена организациja. Жртви се полагаа, гинеа за идеали, а денес живееме во организираност, слична на вонредна состоjба.

Во овој век на лудило, кога Америте нуклеарните отпадоци ги акумулираат во вселената, виртуелната реалност стана обичен декор во западноевропските домови, македонската популација се жигосува со незнаење. Намерно или не, се прават грешки. Благо речено сив хаос е мала грешка на одговорните и стручни.

Во оваа хармонија и духовна стабилност владее квиз чик погоди, министерствата наградуваат, релативното го покрива сесознајното бидејќи душата балканска не е безгранична.

Се има почеток заплет и крај. Пресуден фактор е modus vivendi: Сигурност или слобода. Нешто слично на западниот страв од поплава на информации (Интернет и нови можности) но овде со друг, сосема спротивен контекст. Додека АМДРА (Национална агенција за управување со радиоактивни отпадоци) бара подземни предели за отстранување на нуклеарните материјали кај нас ,,демократските духовиц” се борат за иста цел- депонирање на штетните материи во некои неискористени сфери: Вардар, езерата и сите можнипотенциjали. Значи, надградба во екосвеста на европско ниво. Импресивно,
нели?

Сите сме гости на овој суров свет, затоа не пра-
вете му зло на приjателот -бумерангот, кога се врака, е постар. Лажеше човекот за
помошта, затоа што не размислуваше со логиката на разумот. Секоj, кој ќе сака да им го покаже патот на гладните и боси за љубов, ке биде распнат.

Затоа, немоjте, вие, повекеслоjни остатоци од туѓи животи, да се обидувате да глумите светци – затоа што тоа е акт на криминал.
Секогаш интелектот е тој што е забранет, а високиот стил на духовно живеење е сметан
за инкубатор на закоравени ,,психопати”.

Така размислуваат народните маси. За нив, капиталот е срека на информиран и бистар ум, со предиспозиции – уметник во вештината направење пари. Концентрација на вредности, без вредности. Ништо повеке, ништо помалку. Биди млад,
биди откачен, биди разбран, биди,
пред се – човек.

Сите обиди за креација се вообичаени за патоказите во денешницава, новитет е страшно чуден и изопачен, бидејќи секој новитет е страшно чуден и изопачен па сите не прави анксиозни и страшливци.

На прагот на 21-виот век секаде во светот владее висок научен сензибилитет, само нас шета по улица и во нечиj ум страв од новото.
Во таа мртва тишина можеби има мала најава за бура.
Без несакани инциденти, ве молам!

Пишува: Марков Гоце – Елиот

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace