Денеска на прес конференција од пред Клиничката болница во Штип опозициската ВМРО-ДПМНЕ алармираше во јавноста за катастрофално- лошата состојба со Инфективното одделение во кое што се третираат заболени од Ковит-19 вирусот.
Санела Петрова од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Штип во јавноста упати загрижувачки информации за начинот на третман на пациентите од страна на надлежните во болницата.
Во продолжение го пренесуваме интегралниот текст на прес конференцијата на Санела Петрова од пред Клиничката болница во Штип:
“Пискотници се слушаат од Ковид центарот на Источна Македонија! Болните од надвор се молат за легло повеќе, а болните внатре за кубик кислород.
Сведоштвата на вработените, болните и нивните роднини говорат дека состојбата на Инфективното одделение е катастрофална.
Денес Штип останал без боци за кислород, кои дури и доколку ги има, не се соодветно оперира со нив. Клиничката болница не располага со централен довод за кислород, кое ја прави зависна од овие боци, меѓутоа, во случаите кога на пациентите им се дава неопходното количество, тоа се врши на опасен начин.
Поради непостоењето на регулатор за кислород, кој чини само 50 евра, пациентите добиваат несоодветна количина од овој гас. Освен тоа, една маска се користи за сите пациенти болни од Ковид, а не ретко и нема можност да се опслужат неколку пациенти одеднаш.
Очигледно, пациентите на Инфективно се оставени на совест на вработените, во ситуациите кога се селектира на кој пациент да го добие потребниот кислород. А сето тоа поради неодговорност на власта и ограничените ресурси во болницата!
И додека Штип и регионот од ден на ден ги зголемуваат бројките со позитивни од Ковид 19, ниту Министерството за здравство, ниту Клиничката болница во Штип имаат слух за потребите на болните.
Ситуацијата на Инфективното одделение ескалира. Апелираме за итна реакција од надлежните, затоа што не само бројот на болни, состојбава ќе почне да го зголемува и бројот на мртви во Штип!”


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
По хуманитарната балетска претстава во Кочани: „Ballet Magnificat“ на средба со градоначалникот на Кочани Владко Грозданов
Библиотеката „Искра“ во Кочани го одбележа 23 Април – Светскиот ден на книгата и авторското право
Планинари, граѓани и службени лица на армијата и полицијата ќе маршираат заедно во чест на 150 годишнината од Разловечкото востание