Веќе небитно е кое бугарско барање ќе биде прифатено, бидејќи кое и да се прифати, вклучувајќи ја и тезата дека Македонците и македонскиот јазик имаат бугарски корени, не претставува гаранција за прием, бидејќи (уште пред една година) ЕУ отворено порача дека евентуално започнатите разговори секој момент можат да бидат прекинати, или вратени на почетната точка, ако некоја земја-членка така побара. Притоа, не треба да се изуми дека одлучувањето во ЕУ – вклучувајќи го и прашањето за прием – е со к о н с е н з у с. Тоа значи дека, сеедно на отстапките што би се направиле, секоја членка (вклучувајќи ја и Бугарија) може да постави в е т о за прием во ЕУ и Македонија, којзнае по кој пат, да се најде со прстот во устата. Или, што е исто, да се најде никаде и заникаде. Оттука, какви било разговори, или отстапки, губат секаква смисла. Ова терба да го има предвид секој македонски граѓанин и политичар, оти сѐ друго е само грозно замајување.
Пишува: Љубомир Цуцуловски/Ljubomir Cuculovski


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Про-бугаринот Венко Филипче нека покаже како треба и нека ги стави бугарите во статутот на СДСМ, Македонскиот устав не му е дедовина да го решета како ќе му текне
Зошто НАТО не го активира членот 5 во војната меѓу САД и Иран?
Синдикалниот комунизам е мртов. Македонија како земја на услуги треба да развива трудов раст а не секојдневие на социјална пропаст