БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Во 3 од вкупно 7 денови во ноември штипјани се оставени без вода

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во продолжение го пренесуваме интегралниот текст од денешната прес конференција на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Штип:

“Почитувани господа од СДС, 

Па вие едно јавно претпријатие не можете да водите, а не цел град! 

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Вие 3 од вкупно 7 денови во Ноември, Штипјани ги оставивте без вода, а не да направите нова Филтер станица! 

Вие во ек на пандемија не можете да обезбедите цистерни за критичните населени места, а не да обезбедите технички чиста вода за пиење како што ветувавте пред изборите! 

Вие два цели дена Штип го оставивте без вода, а ги манипулирате граѓаните да излезат на гласање и да ви веруваат на овие Локални избори. 

Дали знаете дека има луѓе позитивни на Ковид 19 и такви во изолација, стари и неподвижни лица, лица во социјален ризик и други категории кои ниту имаат можност, ниту средства да си обезбедат вода за домаќинствата?  

Кој се грижи за нив?  

Затоа бараме ОСТАВКА од директорот на ЈП Исар! Не е способен да отстрани еден дефект, а камоли да реши погорливи проблеми за граѓаните на Општина Штип. “

Креирано од:


Пренеси го гласот