Продолжува инаетот на СДСМ по секоја цена да спроведе предвремени локални избори во Штип и покрај огромниот број на заразени и граѓани во самоизолација во оваа општина во Брегалничкиот регион.
Повторно на оваа тема денеска упати своја реакција во јавноста пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ од Штип кој ваквата политика на СДСМ ја нарече морбидна:
“Во услови кога бележиме црни рекорди, која е оправданоста за одржување на избори за градоначалник со само 8 месечен мандат ? Штип до овој момент има 442 заболени и близу 1000 лица во изолација, препололни болнички одделенија и редица на граѓани кои чекаат ред за тестирање. Не откажувањето од намерата на СДС за одржување избори, говори само едно, дека на нив здравјето на граѓаните им е алатка за добивање на власт. Оваа морбидна политика на СДС ќе се бориме со сите средства да ја спречиме и кога тие не успеваат ние ќе го заштитиме здравјето на граѓаните.”
-Напиша на фејсбук пратеникот Иван Јорданов.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
По хуманитарната балетска претстава во Кочани: „Ballet Magnificat“ на средба со градоначалникот на Кочани Владко Грозданов
Библиотеката „Искра“ во Кочани го одбележа 23 Април – Светскиот ден на книгата и авторското право
Планинари, граѓани и службени лица на армијата и полицијата ќе маршираат заедно во чест на 150 годишнината од Разловечкото востание