Од ранг ластата на 314 кандидати за обука во Академијата од 7-мата генерација, од кои требало да бидат примени првите 60 рангирани кандидати според покажаните резултати на приемниот испит, извршена е тотална дискриминација, со тоа што биле примени кандидати кои не биле рангирани меѓу првите 60 кандидати и кои покажале многу послаби катастрофално лоши резултати.
“Изборот” на овие кандидати е направен по посебна листа од припадници на албанската етничка заедница.
Така примени биле кандидати кои се рангирани меѓу последните на ранг листата и тоа:
- Фатмир Муса рангиран на 252 место;
- Валнеса Биљали на 238 место;
- Албулена Абази на 228 место;
- Илир Абдурахмани на 215 место;
- Анита Граждани Пачуку на 205 место;
- Зура Селими на 201 место;
- Исмаил Исени на 191 место;
- Агим Ибраими на 175 место;
- Самир Акифи на 166 место;
- Реџеп Муса на 110 место;
- Јетмир Беџети на 94 место;
- Ермира Руфат Муса Нура 89 место; и
- Пајтим Машкути на 70 место.
Ниту еден од овие кандидати не е рангиран меѓу првите 60 кандидати. Од таму, неминовни се неколку прашања:
1.Ова ли се реформите на судскиот систем со вакви кадри?
- До кога ќе се врши дискриминација по етничка основа?
- До кога ќе се врши навреда и омаловажување на младите албанци и албанки и ќе се прават неспособни?
- До кога на купените испити и платените дипломи, а не на знаењето ќе се дава предност?
- До кога граѓаните ќе страдаат од неспособни и нестручни кадри и не само во судството?
- До кога штанцање на дипломи, магистратури и докторати?
- Ова не е само пропаст на образованието, ова води до пропаст на државата.
Да бидеме сосема јасни, во ранг листата има кандидати кои се во листата на првите 60 и тоа Барлет Џафери на 14 место и Илир Јакупи на 60 место. Листата секој може даја види на Веб страната на Академијата.
При ваква состојба, колку е вулгарна изјавата од средбата на министерот за правда Маричиќ и директорката на Академијата Габер Дамјановска дека цитирам: “Академијата за судии и јавни обвинители ќе биде носител на промените во судството”.
Ова ли се промени? Засрамете се. Ова не се промени, ова е пропаст, со груба дискриминација. Овие утре ќе го судат народот. Какви кадри, такво судство.
Фејсбук статус на Михајло Маневски


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Историскиот антагонизам меѓу двете држави се надминува? Бугарија ја одобри еколошката студија за изградба на патно поврзување меѓу Струмјани и Берово
Во с. Драгобраште, виничко уапсени 26 годишник од Делчево и 24 годишник од с.Вирче, делчевско
Карл Јунг – патот преку поучни приказни, како дел од неговата книга „Сеќавања, соништа, рефлексии“