Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки во врска со поништувањето на придавката “македонски” во односите меѓу Македонија и Бугарија од страна на историската комисија, упати своја реакција во јавноста.
Тој одговорните функционери во власта предводена од СДС ги нарече “однародени” кои го провоцираат гневот на народот.
Целата негова реакција ја пренесуваме во продолжение:
“Однародени!
Зошто го провоцирате гневот на народот? Какво ви е тоа прифаќање и виткање кичма и наместо “македонски” да биде нешто друго?
Затоа ли сменивте член на историската комисија?
Тој што работи против сопствениот народ, не е дел од тој народ, туку е изрод!
Ќе одговарате за велепредавство од прв до последен. Прочитајте си ги законите уште еднаш, да не биде после не ви е кажано.
А сега продолжете по паметот на оној монструм што лажеше за убиените дечиња и си играше со емоциите на народот.”


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Про-бугаринот Венко Филипче нека покаже како треба и нека ги стави бугарите во статутот на СДСМ, Македонскиот устав не му е дедовина да го решета како ќе му текне
Зошто НАТО не го активира членот 5 во војната меѓу САД и Иран?
Синдикалниот комунизам е мртов. Македонија како земја на услуги треба да развива трудов раст а не секојдневие на социјална пропаст