БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Убиство на Македонизмот на рати

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Зошто т.н. историска комисија не го прифати бришењето на придавката “македонски/ македонска” во ноември, декември 2020 кога Македонија требаше да добие датум за почеток на преговори со ЕУ, туку денеска без никакво значење и од никаков интерес на Македонскиот народ?

Нели ако нешто даваме, за возврат треба нешто да добиеме?

Но не, агендата на оваа однародена, платеничка, криминогена, власт не е Македонија и Македонскиот народ да добие нешто што би обезбедило развој и просперитет на граѓаните на Македонија, туку да исполни се она за што беше донесена на власт. Дали е коинциденција ваквото негирање на придавката “македонски” што се случува по инаугурацијата на Џо Бајден?

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

-Сигурно дека не.
Никогаш планот и настојувањата на светските сили не биле Македонија со Македонски народ да влезе во ЕУ.

Идејата е Косово, Македонија, Албанија, Бугарија да бидат лансирна рампа за проектилите на светскиот хегемон во идни геостратешки војни од секаков карактер кон тлото на “бескрајни” ресурси-Континентот Азија. Како и контрола на портата на Европа кон Африка и Азија.

Нема ништо случајно во решавањето на “Македонското прашање” по формулата за целосно негово бришење од геополитичкиот простор во Европа.

Имавме кредит кој што го потрошивме на разврат, ајдуклук и ороспии.
Банката си дојде по своите пари…

ПС. Проблемот со Бугарија не е последен во низата…. допрва ќе следува федерализација на државата на албански кантон и бугарски кантон.

Македонија и Македонците ќе продолжат да живеат во бајките.

Пишува: Кирчо Анастасов

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace