Пејачката Тамара во обид да ја “разводени” негативната перцепција во јавност за овогодинешното претставување на Васил Гарванлиев на Евровизија преку социјалните мрежи сподели свој подолг коментар чија што содржина ја пренесуваме во целост во продолжение:
„Цела ноќ и наутро читам коментари, статуси на Фејсбук и Твитер. Едни пресреќни, други пцујат што не сме победиле (а богами бевме подобри од онаа лошата копија на Колдплеј или што би рекла Ивана – Колдплеј за сиромашни). Трети „хејтаат“ до зла бога и назад“, напиша Тамара на Инстаграм.
„Синоќа еден народ беше против Македонија (северна, источна каква сакате). македончето. Со мала буква е македончето, ситно, зајадливо, љубоморно, злобно… Затоа што Македонците гласаа и се радуваа“.
„Ало бре! Стручно жири на Велика Британија ни даде 12 поени. Знаете ли која е Велика Британија. Не е Тереза Меј, не е Брегзит. Не е Меган Маркл. Британија е земја на „Depeche Mode“, „Joy Division“, „Queen“, „Stone Roses“, „The Beatles“, „Cure“, „Oasis“, „Smiths“, „Rolling Stones“, „Pink floyd“, „Radiohead“, „Led Zeppelin“…
A кои сте Вие за да не гласате за одлична песна и уште подобра пејачка.
Не Ви се допаѓа Северна? Обвинете ги политичарите. Демек ја казнивте Тамара (голем уметник и квалитет) затоа што настапила за Северна Македонија. Од утре казнете ги и банките што се во Северна па не ја подигајте платата.
Казнете ги училиштата, па не ги праќајте децата во училиште, казнете ги фирмите каде што работите и не одете веќе на работа. Казнувате уметност поради политика. Невидено. Социјалните мрежи ви дадоа глас, па сега лупате триста глупости на саат“.
-соопшти Тамара преку социјалните мрежи.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Истрага за проневера во службата во ФФМ
Алиу на економско-социјалниот совет: За секој денар од акциза од тутун, економијата троши приближно четири денари за справување со здравствените последици од пушењето
Присуство на висока партиска делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од ген-секот Драган Ковачки на конференција посветена на иднината на Македонија