Министерот за земјоделие шумарство и водостопанство Аријанит Хоџа вчера попладне одржа состано со одгледувачите на овци кои што мака мачат со егзистенцијата на нивните стада поради доцнењето на субвенциите од државата.
На социјалните мрежи во меѓусебната комуникација во различни форуми може да се забележи восокото ниво на нервоза и негативни коментари за односот на актуелната власт кон земјоделците. Дел од сточарите кои не ги добиле предвидените субвенции заговараат и генерален штрајк во државата на сите земјоделци за меѓусебна солидаризација со тешкотиите во кои преживуваат земјоделците..
Во врска со состанокот Министерот Хоџа соопшти во јавност дека очекува разбирање од земјоделците за доцнењето на субвенциите што според него било резултат на ефектите на пандемијата.
“На барање на Сојузот на одгледувачи на овци, денеска во просториите на МЗШВ, одржавме заеднички состанок, на кој разговаравме за проблемите со кои се соочуваат. Исто така, тема на дискусија беше и драфт верзијата на Законот за продажба на државно земјоделско земјиште и Законот за Пасишта.
На состанокот се согласивме дека министерството ќе превземе институционални мерки за надминување на проблемите со кои се соочуваат сточарите, и дека од средината на следниот месец ќе бидат извршени сите исплати на субвенциите од сите мерки. Ги замолив да имаат разбирање за доцнењето, кое е резултат на ситуацијата создадена од глобалната пандемија предизвикана од вирусот Ковид -19.
На сточарите им ги објаснив и придобивките што можат да ги користат од новиот Закон за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост, како и од Законот за пасишта.
Вратите на министерството отсекогаш биле отворени за сите земјоделци, а ние како министерство ќе се заложиме да го направиме нашето земјоделство конкурентно во регионот но и пошироко.
Продолжуваме понатаму заедно и уште поенергично !!”
-соопшти Министерот Аријанит Хоџа во врска со оваа средба.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Истрага за проневера во службата во ФФМ
Алиу на економско-социјалниот совет: За секој денар од акциза од тутун, економијата троши приближно четири денари за справување со здравствените последици од пушењето
Присуство на висока партиска делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од ген-секот Драган Ковачки на конференција посветена на иднината на Македонија