Стратешки и историски сојузник на Македонскиот народ отсекогаш биле и ќе продолжат да бидат Соединетите Американски држави.
Таа Америка не е ниту еден политичар од типот на Џозеф Бајден зад кој се кријат глобални политички и останати интереси на глобални центри на моќ и влијание. Таа Америка во која сакам да верувам е земја во која секој може да биде тоа што е по име и по суштина. Таа Америка е земја на можности за сите подеднакво без разлика на нивните политички ставови и убедувања. Таа Америка е вистинскиот пријател и стратешки партнер на Македонскиот народ. А не оваа глобало-фашистичка репресија која го негира моето постоење како Македонец која со присила ја негира волјата на мнозинството Македонски граѓани својата држава да ја нарекуваат Република Македонија.
Преспанскиот договор е наметнат договор под присила против волјата на мнозинството граѓани на Република МАкедонија, потпишан противуставно и противзаконски против интересите на Македонскиот народ.
Постоењето на Македонскиот народ е факт и длабоко сум убеден дека во ниеден случај не е закана за регионалната безбедност и соработка на Балканот. Било чии политички агенди за дестабилизација на Македонија и регионот не служат на интересите на Македонскиот народ кој ниту фактички сакал ниту можел безбедносно да дестабилизира состојби на Балканот.
Единствените дестабилизирачки аргументи во Македонија се поделбите меѓу граѓаните модерирани од надворешни политички фактори како и неподносливата сиромаштија во која живеат Македонските граѓани како резултат на корупцијата и партизацијата во институциите протежирани повторно од надворешни центри на моќ.
Конституирани како светски најголема демократија во која ултимативно се практицираат најголемите демократски права и обврски на секој поединец без разлика на неговата припадност или убедувања, САД во историска смисла се идеал за кој што вреди да се бори секој слободољубив човек. Откинати од доминацијата на англиската круна американските граѓани најубаво знаат што е борба за слобода и независност. И како такви Американските граѓани се и мои браќа и сестри во таа наша заедничка борба за слобода и независност.
Но Америка има и свои демони кои во лицето на Џозеф Бајден на најлош можен начин се манифестира врз волјата и постоењето на Македонските граѓани.
Најголемиот телекомуникациски и разузнавачки центар во Југоисточна Европа сместен во амбасадата на САД на скопското Кале е доволен индикатор за интересите на САД во Македонија но и поширокиот регион.
Со извршната наредба на Џозеф Бајден со која на црна листа на САД се ставаат сите противници на Преспанскиот договор, САД ја бетонираше својата улога во потпишувањето а сега и спроведувањето на Преспанскиот договор. Интересот на администрацијата на Бајден е јасен, намерите уште повеќе!
Сега повеќе од порано, стана очигледен фактот за постоење на жесток притисок врз поранешниот Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во квечерината на неговото владеење кога беше принуден да се повлече од премиерската функција а потоа и прогонет во егзил во Будимпешта пред оперативците за реализацијата на американските политики за остварување на својот интерес во Република Македонија, но и пошироко во регионот. Ако некому не му било јасно која била жестината на притисок од страна на тогашната администрација на Барак Обама врз Македонското легитимно избрано политичко раководство оваа Извршна наредба на Џозев Бајден доволно сериозно говори за жестината на таквите мерки на присила.
За огромниот притисок врз тогашните македонски легитимни политички лидери сведочи и молкот на Ѓорѓе Иванов чија што граѓанска канцеларија беше запалена од ордите на тогашната т.н. шарена револуција- чин во кој предничеа активистите на Левица.
Поучени од тој факт на жестока присила наспроти демократија, кое актуелната администрација на САД го спроведуваат врз Македонското постоење потребно е огромно ниво на политичко знаење и делекугледост со цел Македонскиот идентитет да опстои и надвладее во такви услови на негација и погазувања на основното човеково достоинство.
САД во нејзините конституционални основи секогаш биле пријател на Македонскиот народ затоа што делиме исти принципи на слободољубивост и неприкосновена вистина. Времињата се менуваат а гневот на Македонскиот народ неоправдано некој сака да го сврти против најголемата и најразвиената демократија во светот.
П.С. Овој мој став веројатно ќе доведе до можни реперкусии врз мене лично, што ниту ќе бидат први а веројатно ни последни, но со нивниот интензитет се докажува тежината за суштината и релевантноста на моите аргументи.
Пишува: Кирчо Анастасов


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Про-бугаринот Венко Филипче нека покаже како треба и нека ги стави бугарите во статутот на СДСМ, Македонскиот устав не му е дедовина да го решета како ќе му текне
Зошто НАТО не го активира членот 5 во војната меѓу САД и Иран?
Синдикалниот комунизам е мртов. Македонија како земја на услуги треба да развива трудов раст а не секојдневие на социјална пропаст