Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Лозово Бошко Цветковски упати своја реакција во јавноста во врска со реализацијата на Јавна набавка на општина Лозово за тампонирање на улици во општината.
Спорно за општинскиот лидер на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во Лозово се износите на чинење на тампонот наменет за тампонирање на улиците во предвидена должина од 1460 метри за што во договорот со изведувачот за исплата се предвидени 23.640 евра.
Дополнително реакцијата на Бошко Цветковски се однесува и на погрешното дефинирање на крајната сума на чинење на договорот каде во ставката вредност на договорот е назначена сума од 1.453.8887,44 денари.
“Дали општина Лозово се сака со срце
или со провизии???
Почитувани градоначалникот на Општина Лозово склучил договор за тампонирање на улици во должина 1.460 метри за неверојатни 1.453.887 денари, односно 23.640 евра!!!
23.640 ЕВРА за тампон со просечна дебелина од 4цм!!!
Дали вградувањето на тампон навистина вреди 23.640 ЕВРА или дел од овие пари завршиле во џебот на градоначалникот?На 20.11.2018 Градоначалникот во заминување крајно нетранспарентно без да ја напише сумата платена за тампонирање напишал “Градиме квалитетна инфраструктура, во тек е реконструкција и таНпонирање на улици во с.Дорфулија и Лозово ”Оставаме граѓаните сами да пресудат дали тампонирањето на улиците вреди за парите и дали нивните пари можеле да бидат искористени за некоја друга намена.”
-стои во реакцијата на Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Лозово Бошко Цветковски упатена во јавноста преку социјалните мрежи.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заложбите на градоначалникот на Берово Петар Ружински даваат резултати: Две нови големи инвестиции во Малешевијата за подобар стандард за сите беровчани
Нова перспектива за развој на локалната економија во Пехчево
Стоп за досегашната фушерајска изградба на градежни работи во Делчево