Ни разнебитија и држава и нација,
Секојдневно никнуваат нови афери,
Во име на европската интеграција.
Се богатат владините функционери.
Правдата кај нас е мислена именка,
Посебна приказна е Уставниот суд,
Кутрите судии страдаат од дремка,
Не се знае кој е паметен, кој е луд.
На функција може да дојде секој!
Не е важно да е способен, да е зналец,
Важно е да е од фамилијата на некој,
Транзициски олигарх, или струмичанец.
До кога ќе трае неподносливата aгонија?
На апсурдите чудни ќе им дојде ли крај?
Зар уште тоа ќе го трпи Македонија?
Дали татковината ќе блесне со нов сјај?
Пишува: Васил МАНЕВСКИ
(Македонските состојби)


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Про-бугаринот Венко Филипче нека покаже како треба и нека ги стави бугарите во статутот на СДСМ, Македонскиот устав не му е дедовина да го решета како ќе му текне
Зошто НАТО не го активира членот 5 во војната меѓу САД и Иран?
Синдикалниот комунизам е мртов. Македонија како земја на услуги треба да развива трудов раст а не секојдневие на социјална пропаст