Прес конференција на Трајче Здравков од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Штип:
“СДС со невидена леснотија поставува некомпетентни кадри на клучни позиции, за што пример е и новоназначената претседателка на Управниот Одбор на Клиничката болница во Штип.
Замислете, партијата на власт поставува кадар од партиската Комисија за земјоделство да раководи и одлучува за функционирањето на најголемата болница во регионот.
Поучени од претходните случаи во истата институција, го прашуваме раководството на Клиничката болница во Штип:
-Дали со поставување на несоодветни кадри полесно ќе поминуваат непопуларните одлуки за јавни набавки во болницата ?
-Дали на овој начин директорот ќе има одврзани раце за партизација наместо професионализација на болницата?
Почитувани сограѓани,
Наместо да ја завршеа новата Клиничка болница во Штип за да можат граѓаните да имаат достојни услови за лекување, очигледно е дека владеачката гарнитура, власта ја користи да ги задоволи апетитите само на определена група на луѓе.”


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
32 годишен штипјанец нападнал референт во ЈП “Национални шуми”
Кривична за 56 годишен беровец кој поттикнувал омраза на социјални мрежи
Кочани го одбележa 2 Април – Меѓународниот ден на литературата за деца