Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Виница ја алармира јавноста дека СДСМ како владеачка партија во општината врши партизација на институциите со свои партиски функционери. За вниманието на јавноста да биде на повисоко ниво, партиски функционери на СДСМ ја менуваат својата национална припадност за да се вработат на актуелните огласо од Агенцијата за администрација. Според опозицијата во Виница поранешен секретар на ОО СДСМ Виница се декларирал како Албанец се со цел за да се вработи во АХВ, а по слична траекторија за вработување на раководно место во Фондот за здравство тргнал и актуелниот секретар на Општинската организација на СДСМ во Виница.
Во продолжение во целост ја пренесуваме реакцијата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Виница упатена до јавноста преку социјалните мрежи:
“
Откако поранешниот секретар на ОО СДСМ Виница се декларираше како Албанец за да се вработи во Агенцијата за храна и ветеринартво
![]()
https://www.analitikum.mk/…/skandal-vo-vinica-visok…
Сега актуелниот секретар се декларира како Турчин за да биде раководител во подрачната служба во Виница на Фондот за здравствено осигурување на РМ ![]()
За да бидете директор на Фондот за здравство во Виница, покрај тоа што треба да сте секретар на ОО СДСМ Виница, потребно е и да имате завршено високо образование ТЕКСТИЛНА технологија и секако да НЕ се декларирате како Македонец ![]()
Ова се тие #ЕдноОпшествоЗаСите#ЖивотВоВиницаЗаСите и #НајдобротоЗаТвојатаОпштина“

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот на Делчево Иван Гоцевски дел од јавниот форум „Жените знаат што им треба“, во организација на Здружението „Гласен Текстилец“ во Штип
ПОТПИШАНИ ДОГОВОРИ ЗА РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЗА ОКР ВО ОПШТИНА ВИНИЦА
Распишан конкурсот за општински стипендии за академската 2026/27 година