БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Билјана Змејковска: Во чест на четирите свети букви ВМРО

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

” ⚫🔴🇲🇰👌❗Во пресрет на 17-ти Јуни, Денот на раѓањето на нашата света ВМРО-ДПМНЕ, невозможно е да не ми се разбудат сеќавањата и емоциите како пред мои десетгодишни детски очи пред 31 година визијата се преточуваше во идеја, а идејата во остварен сон, раѓање на ВМРО-ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА ЗА МАКЕДОНСКО НАЦИОНАЛНО ЕДИНСТВО ⚫🔴❗

Во семејната куќа ул. Горновранска бр 122 Горно Лисиче и прво седиште на нашата партија ВМРО-ДПМНЕ, со моите две сестри, секојдневно бевме сведоци на создавањето, организирањето и растењето на првата државотворна Македонска партија ВМРО-ДПМНЕ.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Чест и вистинска гордост од денешна гледна точка ми претставува тогашните залагања, упорноста, копнежите, енергијата и жарот со кој што беше исполнет мојот татко Борис Змејковски-потписник на Иницијативата за формирање на ВМРО-ДПМНЕ и прв Генерален секретар.

Непреспиените ноќи, полната куќа со Македонци од цела Македонија, изработување , програми, пристапници, планови и слично беа сликата на нашето секојдневие. Во овој бурен и неповторлив период на живо сведоштво на создавање на ВМРО-ДПМНЕ која што покрај Државотворна партија со програма воедно имаше за цел да биде и бариерата и последниот бедем за заштита на Македонија и Македонските национални интереси, деновите беа исполнети со радост, восхит, љубов но и страв и притисок од будното следење, малтретирање и омаловажување од страна на службите КОС, УДБА, СДБ кои што застапувале интереси на други земји, но не и на нашата Македонија.

Закрилата, љубовта и топлината што ни ја пружаа нашите родители Бубе и Борис Змејковски, во тој период го разветлуваа сето сивило и страв од нашите глави.

Знаевме, Татко со часови да го гледаме, набјудуваме и восхитуваме на храброста и пожртвуваноста што ја црпеше од каузата и идејата на Организацијата и Татковината. Знаеше да го нема со денови, а понекогаш и со недели, но секогаш се враќаше со успешно завршена Мисија за Македонија.Сеќавањата, емоциите и идеологијата се вечни и неуништливи. Сегашните и идни генерации Македонци, мора да ја знаат историјата за осамостојувањето на нашата мајка Македонија и формирањето на државотворната света партија ВМРО-ДПМНЕ !

Татко Мој, ти си мојата гордост, мојата Ѕвезда, мојот Македонски Лав, кој што го имала Татковината кога си и бил најпотребен.Твојата улога во создавањето на ВМРО-ДПМНЕ е неприкосновано, ти благодарам за секоја непреспиена ноќ, за секој потрошен атом енергија, за целокупниот вложен интелектуален капацитет !Единствен спас од денешните предавства што се случуваат на нашата Татковина и Македонскиот народ е ВМРО-ДПМНЕ и Претседателот Христијан Мицкоски.

Претседателе продолжи го патот гордо и достоинсвено на Револуционерите и Основачите, за аманетот и иднината, Македонскиот народ е со Вас …

СЕГА Е НАШЕ ВРЕМЕ !

Да живее ВМРО-ДПМНЕ !

Да живее МАКЕДОНИЈА !

СРЕЌЕН 31-ви РОДЕНДЕН ВМРО-ДПМНЕ ⚫🔴👌

-фејсбук статус на Билјана Б. Змејковска

Креирано од:


Пренеси го гласот