Државната изборна комисија на денешната седница упати Јавен повик за проверка на податоците на Избирачкиот список за Локалните избори за членови на советите на општините и советот на Град Скопје и за градоначалници на општините и градоначалник на Градот Скопје кои ќе се одржат на 17 октомври 2021 година.
Уводот во Избирачкиот список ќе започне на 21 август и ќе трае се до 9 септември до 24 часот.
Сите граѓани можат да извршат увид на своите лични податоци во Избирачкиот список преку електронската апликација на ДИК достапна на интернет адресата https://izbirackispisok.gov.mk на интернет порталот на ДИК достапен на http://sec.mk како и во оделенијата на подрачните служби на државната изборна комисија ширум државата кои ќе бидат отворени за прием на граѓани од 08.00 до 19.00 часот во наведениот период
.Во наведениот период секој граѓанин може да поднесе барање за промена на податоците во Избирачкиот список кои се однесуваат на него лично прикажани во Избирачкиот список како и бришење на податоците на починато лице или лице кое нема избирачко право во дадена општина.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!