БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Опозицијата во Штип реагира на партиските вработувања од страна на владеачката СДСМ

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска на партиска реакција од Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Штип реагираа со прес конференција на партиските и непотистички вработувања кои што ги реализираат партиски функционери на владеачката СДСМ.

“На 2ри Септември, Директорката на ООУ Тошо Арсов си го вработила својот син во училиштето со кое раководи, односно лицето, кое беше отпуштено од ООУ Ванчо Прке, поради проневера на пари од учениците… 

Претходно, Директорот на ООУ Ванчо Прке си ја вработи жена си, истото го направи и Директорот на ООУ Гоце Делчев, а Директорот на КПД Штип, отиде чекор подалеку, па на  сопствената сопруга ѝ овозможи да стане Директорка на Поштата во Штип. 

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Ова се само дел од високите функционери на СДСМ во Штип, кои без трошка свест и морал се погрижија единствено за најбиските од семејството. 

Очигледно е дека со СДСМ во Штип раководат само неколку фамилии…што значи дека ако граѓаните гласаат за СДСМ, не гласаат за проекти и напредок, туку за вработување на некој од фамилијата на раководството на оваа партија! “

-рече на прес конференција Весна Карагунова Кожинкова од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Штип.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace