БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

ДИК го објави Кодексот за набљудување на локалните избори во Октомври

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Државната изборна комисија на својата веб страна го објави Кодексот за набљудување на изборите за членови на советите на општините и советот на Градот Скопје и за градоначалници на општините и за градоначалник на Градот Скопје чиј што прв круг ќе се одржи на 17 октомври 2021 година.

Со кодексот се регулираат процедурите за наљудување на изборите и процедурата за вршење на набљудувачката мисија на акредитираните
набљудувачи, а во функција да се подобри интегритетот и транспарентноста на процесот на изјаснување на граѓаните.

Во рамки на Кодексот се застапени правилата и процедурите за набљудување на изборите кои претставуваат збир од практички насоки за начинот на спроведувањето на набљудувањето на изборите

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Акредитираните набљудувачи ТРЕБА:

-да ги познаваат и почитуваат одредбите на Изборниот законик и овој Кодекс и да придржуваат кон одредбите со кои се уредува постапката за спроведување на изборите за членови на советите на општините и советот на Градот Скопје и за градоначалници на општините и за градоначалник на Градот Скопје, 17 октомври 2021 година да се непристрасни во извршувањето на своите должности при што не смеат да изразат пристрасност кон изборните
органи;
– да носат на видно место овластување-беџ издаден од Државната изборна комисија како и лична исправа;
-своите заклучоци треба да ги засноваат на документирани и потврдени факти.

Акредитираните набљудувачи НЕ СМЕАТ:

-да влијаат на било кој начин во постапката на денот на изјаснувањето на изборите за членови на советите на општините и советот на Градот Скопје и за градоначалници на општините и за градоначалник на Градот Скопје, 17 октомври 2021 година, како и во постапката при броење
на гласовите;
-да носат партиски симболи или ознаки;
-да даваат упатства на гласачите, изборните органи, овластените претставници и овластените службени лица;
-да влијаат на работата и одлуките на изборните органи.”

Барање до ДИК за набњудување на изборите на 17 октомври може да поднесат:

-домашни здруженија и странски организации, кои се регистрирани согласно закон, најмалку една година пред денот на одржувањето на изборите за членови на советите на општините и советот на Градот Скопје и за градоначалници на општините и за градоначалник на Градот Скопје, а во чии статути е вклучено начелото на заштита на човековите права;

-меѓународни организации; и

-претставници на странски земји.

Сите овие заинтересирани страни барањата до ДИК ги поднесуваат од денот на распишување на изборите до пет дена од денот за реализација на изборите.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace