Светскиот музички феномен “Dead Can Dance” во рамки на својата европска турнеја 2022 година ќе се претстават конечно и пред скопската публика и тоаа не на еден туку на два концерти.
Националниот театар во Скопје на 23 и 24 Мај 2022 година ќе биде местото каде ќе прозвучи безвременскиот глас на Лиза Жерар и волшебниот звук на Брендон Пери.
Легендарното музичко дуо егзистира под името “Dead Can Dance” од 1981 година а имаат настапувано низ целиот свет.
Нивниот безвременски звук застапен на нивните музички дела е едан од најпрепознатливите во светот на музиката а колоритноста на нивниот музички израз е е една од најживописните создадени илустрации воопшто создадени од човек.
Овој уникатен музички настан во Скопје е во организација на Таксират фестивалот 2022 година. Билетите за концертот ќе бидат пуштени во продажба во петок 17 септември 2021 година на мрежата на МКТИКЕТС.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива по план, она што беше невозможно станува реалност
Кривина пријава за 19 годишен кочанчанец за полово вознемирување
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист