Условите за работа во работниот објект на Центарот за јавно здравје во Пробиштип се крајно несоодветни. Отпадните води од институцијата која што работи со опасни материи се испуштаат во обичен пластичен резервоар на отворено на отворен воздух без никаква изолација од околната средина.
За ваквата опасна состојба свој аларм во јавноста упатија од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Пробиштип, чија што реакција ја пренесуваме во продолжение:
“Сликата најдобро покажува. Како функционираат работите. Привремено! Кај нив е се привремено.
Каде се собираат отпадните води од институцијата која работи со заразни материјали.
Еве една последица од тоа што денес ЦЕНТАРОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ Е ИСЕЛЕН ВО НЕСООДВЕТЕН ОБЈЕКТ ЗА ТАА НАМЕНА.
КОЛКУ ТРЕБА ЧОВЕК ДА Е НЕУК И ЗАСЛЕПЕН ОД ВЛАСТ и лажни ветувања за да уништи здравствена институција во време на пандемија.
Ги заборавивте граѓаните и нивните проблеми. Ги запоставивте сите помали населени места, како таму да не живеат луѓе.
Единствен приоритет ви е како да направите некоја нова, екстремно скапа преадаптација, а граѓаните пак да ги залажувате со субвенции за клима уреди, за на изборите да ги потсетувате за кого да гласаат.
Го прашуваме Градоначалникот: Вредеше ли сето ова?
Дали вредеше да се уништи здравствена институција изградена со самопридонес од жителите на општина Пробиштип и зошто???
За 900.000 евра?!
Да, сигурно вредеше 900.000 евра!”


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Нов динамичен концепт за развој на туризмот во Делчево: Градоначалникот Гоцевски најави формирање на Совет за развој на туризмот
„Шпански денови на вкусот“ – кочански ориз зготвен по шпански рецепти
16 годишник од Кочани со мотоцикл удрил во 74 годишна жена