На денешен ден 22 септември пред цели 27 години започна емитувањето на култната сит ком серија “Пријатели”(Friends).
Мега популарната серија која што се емитуваше цели десет години потоа на телевизиската мрежа NBC e продуцирана од Дејвид Крејн (David Crane) и Марта Кауфман (Marta Kauffman) а во серијата настапуваат актерите Џенифер Анистон, Метју Пери, Лиза Кудроу, Мет Лебланк, Кортни Кокс и Дејвид Швимер кои што на почетокот не веа светски популарни но со самата серија стекнаа светска слава и беа препознатливи речиси во сите земјини мередијани.
На почетокот серијата била развивана од страна на нејзините автори под работен наслов Инсомнија Кафе но подоцна кон крајот на 1993 година од страна на продикцијата серијата го добила насловот “Пријатели”. Серијата е снимена целосно во студијата на Ворнер Брос во Калифорнија а сите 10 сезони се вбројувале своевремено во топ 10 најгледани серии за соодветните сезони.
Серијата има добиено голем број на влијателни награди и остави голем културен импакт врз целото човештво.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Луѓето се враќаат на Месечината за само 3 дена!
Бојана Скендеровски со концерт во Штип: Огнен Здравковски и Коки Јанков специјални гости
„Еј жено, храбро срце носиш“ – новата емотивна балада на Елена Велевска со моќна порака за жените