Денеска во работна посета на Унгарија беа Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и партискиот Потпретседател Александар Македонски.
Двајцата највисоки претставници на опозициската ВМРО-ДПМНЕ имаа средба со Премиерот на Унгарија и претседател на Фидеш која што е сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ во семејството на Европската народна партија.
“Денес заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски остваривме средба со премиерот на Унгарија и претседател на сестринската партија ФИДЕШ, Виктор Орбан.
Разговаравме за сите актуелни теми, справувањето со корона кризата, мигрантскиот бран, економијата во Македонија како и корупцијата која ја уназадува Македонија. Разговаравме и за важноста за поддршка на заеднички иницијативи како што е Иднината на Европа, кои ќе овозможат перспектива и нови можности. Зборувавме и за процесот на започнување на преговори.
Одличната соработка помеѓу двете сестрински партии и во иднина ќе се продлабочува и развива. ![]()
“
-напиша Александар Николоски на фејсбук во врска со оваа посета на Унгарија.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Истрага за проневера во службата во ФФМ
Алиу на економско-социјалниот совет: За секој денар од акциза од тутун, економијата троши приближно четири денари за справување со здравствените последици од пушењето
Присуство на висока партиска делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од ген-секот Драган Ковачки на конференција посветена на иднината на Македонија