Денеска со читање на реферат и полагање на свежо цвеќе пред Споменикот на паднатите борци од НОВ во Делчево беше одбележана 80 годишнината од Денот на кревањето на востанието на Македонскиот народ против фашистичките окупаторски сили во Втората Светска Војна.
Членови на КУД Гоце Делчев- Делчево пред присутните делегации во центарот на Делчево прочитаа пригоден реферат за историјата и значењето на денешниот празник по што делегации од општина Делчево, претставници на локални институции, политички партии и здруженија на граѓани положија букети со свежо цвеќе пред споменикот на борците кои го изгубиле животот во борбата против фашистичките сили во Втората светска Војна.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Одбележан патрониот празник на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари
Предложен притвор за вработен во ДЗС осомничен за поткуп
Градоначалникот на Делчево Иван Гоцевски дел од јавниот форум „Жените знаат што им треба“, во организација на Здружението „Гласен Текстилец“ во Штип