Музичкиот автор и текстописец Огнен Недолковски кој што имаше континуирана соработка со виртуозот на хармоника Милан Завков кој што утринава ненадејно почина на 61 годишна возраст преку социјалните мрежи се обрати во јавноста со своја реакција за смртта на својот соработник и пријател.
“И сега, Милан, кој ќе ја прати нашата нова песна на конкурсот на Валандово?
Кој ќе ми ја прати твојата нова серенада, за да напишам текст за Битола?
Планови, желби, музички соништа… – сѐ прекинато за миг.
Огромна загуба за македонската музика.
Изгубивме феноменален музичар, голем автор, прекрасен човек.
Никогаш нема да сфатам зошто најдобрите најбрзо си одат?
Почивај во мир, Милан Завков.
Вечна слава.”
-напиша на фејсбук Огнен Неделковски

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива по план, она што беше невозможно станува реалност
Кривина пријава за 19 годишен кочанчанец за полово вознемирување
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист