Денешното одбележување на годишнината од раѓањето на апостолот на Македонското револуционерно движење остана во сенка на неприсуството на премиерот Димитар Ковачевски на централниот настан на чествувањето.
150 години од раѓањето на Гоце Делчев е јубилеј од огромно значење за македонската јавност а отсуството на најзначајниот човек во државата од оваа манифестација фрла темно светло на целиот настан.
Премиерот Димитар Ковачевски според официјално владино соопштение е во дводневната работна посета на институциите на ЕУ а по повод денешниот јубилеј тој упати свое пишано соопштение во јавноста преку социјалните мрежи.
Официјалната делегација предводена од Стево Пендаровски беше пречекана со свирежи и извици “УА предавници” пред црквата Св. Спас во Скопје во рамки на официјалниот настан.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Чешиново-Облешево доби нов, модерен простор за рекреација на најмладите
Македонскиот Премиер упати пораки за улогата на новите инвестиции за потребите на Македонска пошта
Нова ера во работата на Македонски пошти