Филмското студио Амазон во јавноста објави повеќе постери на ликкови од новата телевизиска серија “Господарот на прстените: Моќните прстени” која што е базирана на предисторијата на Господарот на прстените од англискиот писател JRR Tolkien.
Најавите од продукцијата се дека оваас серија ќе ги одведе гледачите во времето на т.н. Второ доба кога островот Нуменор се уште не е потопен од морските води.
Но со објавата на постерите од страна на филмското студио сакаат да внесат мала мистерија кај огромниот број на фанови на светот на Толкин ширум светот не објавувајки ги соодветните имиња на актерите кои што ќе ги играат ликовите објавени на постерите.
Досега е познато во јавноста дека во серијата ќе играат Назанин Бониеади (анг. Nazanin Boniadi (How I Met Your Mother)), Синтија Адаи- Робинсон (анг. Cynthia Addai-Robinson (Arrow)), Лени Хенри (анг. Lenny Henry (Broadchurch)), Геоф Морел (анг. Geoff Morrell (The Underground Railroad)), Августус Прју (анг. Augustus Prew (Kick-Ass 2)), Бенџамин Вокер ( анг. Benjamin Walker (Jessica Jones) ) за кои што не се објавува во јавност кои ликови во серијата ќе ги глумат. Исто така од страна на продукцискиот тим сценариото со приказната за серијата се чуваат во најголема тајност. Досега во јавност е познато дека Морфид Кларк (анг. Morfydd Clark) ќе ја глуми Галадриел а Сајмон Мерелс ќе глуми нов оригинален лик наречен Тревин.
Господарот на прстените: Моќните прстени ќе има своја светска премиера на Амазон Прајм Видео на 2 септември оваа година.











СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Традиција што инспирира: 38. изложба „Студентска графика – Драгутин Аврамовски – Гуте“ на 15 мај во Сули ан
Нов визуелно-емотивен видео запис за песната “Идни денови” [Future Days] на Pearl Jam
Легендата за ИП Ман- учителот на Брус Ли