БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Дали по “лошото момче Заев”, Ковачевски треба да игра поконструктивна улога со европските лидери?

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во изминатите 4 години ретки беа средбите на тогашниот премиер Зоран Заев со официјални лидери на европски институции и со премиери на земји членки на ЕУ. Според тврдењата на претставници на опозицијата во Македонија одбегнувањето на официјални средби со Зоран Заев имаше своја генеза во лошата претстава што Зоран Заев ја креираше во јавност со неговата поданичка политика кон барањата за деноминација на Македонските национални интереси од страна на Грција и Бугарија во контекст на аспирациите на власта предводена на Зоран Заев по секоја цена да влезе во НАТО и ЕУ.

Откако доживеа директно вето од Бугарија нашата држава во два наврати аспирациите на Зоран Заев по секоја цена Македонија да започне преговори со ЕУ се претворија во политички кошмар, кој Зоран Заев го чинеше неговата фотелја во Владата. По целосниот колапс на негаторските политики на Зоран Заев на штета на Македонските национални интереси, Зоран Заев беше приморан да се повлече од премиерската позиција- процес кој го забрзаа и неговите катастрофални политики на домашен план.

Само неколку недели по изборот на Димитар Ковачевски за премиер на Владата на местото на Зоран Заев, тој се впушти во широка политичка агенда на декларативна соработка со бугарскиот премиер, но и во политичка офанзива на меѓународен план.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во текот на денешниот ден Ковачевски имаше повеќе средби во Брисел со челници на Европската комисија од каде на своја лична адреса доби ново “тапкање по рамо” за ЕВРО-аспирациите на Македонија.

“Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска се сретна со претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен, во рамките на дводневната работна посета на институциите на ЕУ во Брисел.
 
На средбата на која присуствуваа и заменик-претседателот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи, премиерот Ковачевски истакна дека во наредниот период, за време на претседавањето на Франција со ЕУ едно од клучните очекувања е засилениот ангажман на Европската Комисија да помогне во деблокирање на процесот за проширување со Северна Македонија и Албанија.”

-соопштија од Владата

Колку ваквите средби ќе помогнат во деблокадата на евроинтегративниот процес на Македонија останува да проследиме со внимание во наредниот период, наспроти тврдите ставови на македонскиот источен сосед за непопуштање на Бугарија во однос на нивните негаторски политики кон засебноста и идентитетот на Македонскиот народ.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace