Денеска во Свети Николе се одржа панихида во чест на раѓањето на Македонскиот револуционер Гоце Делчев.
Притоа од страна на Градоначалникот на Свети Николе Дејан Владев како и раководни лица на локалните институции се положија букети со свежо цвеќе пред паметникот на Гоце Делчев во дворот на Основното општинско училиште кое го носи неговото име во Свети Николе.
Од страна на локални културни работници беше реализирана пригодна свечена програма за 150 годишниот јубилеј од раѓањето на Делчев.
Во чест на 150 години од раѓањето на најголемиот македонски син Гоце Делчев , во црквата Свети Николај се одржа панихида во негова чест , а пред неговата биста во дворот на ООУ ,,Гоце Делчев” Свети Николе се положија свежи цвеќиња и се одржа пригодна програма.,, ГОЦЕ Е МАКЕДОНИЈА ” !!!

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Манифестацијата “Пијанечки денови на сливата 2026“, познатата „Сливијада“ утре во село Град доживува нова енергија за развој
Учениците на СОУ „Миле Јаневски Џингар“ Македонска Каменица го посетија Спомен домот на Разловечкото востание во село Разловци
Ј А В Е Н П О В И К до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа