БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Бесплатни гинеколошки прегледи со врвни гинеколози во Лозово за превенција од смртоносни болести

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во Лозово започна со работа мобилната амбуланта во која бесплатни прегледи ќе вршат врвни гинеколози за сите жени во општината со цел превенција, рана дијагностика и спречување на опасните болести кои можат да бидат со литални последици по животот.

Градоначалникот на општина Лозово, Бошко Цветковски во јавноста упати свој апел за искористување на ваквата можност од страна на сите жени во општината како и порака за подигање на свесноста за појавата на заболувања кои можат да бидат со смртоносни последици за населението а кои со рана дијагностика можат ефикасно да бидат спречени. Потребата од редовни прегледи на женската популација е евидентна а ваквите акции придонесуваат за подигање на свеста на граѓаните за реализација на истите.

“Почитувани,

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Би сакал да ве известам дека пред влезот на Домот на културата “Кочо Рацин” , денес, во општина Лозово, започна со работа мобилната амбуланта во која се нудат бесплатни гинеколошки прегледи за жените од сите населени места кои се наоѓаат во нашата општина,со цел превенција од рак на грлото на матката.

✅Работата на мобилните амбуланти е овозможена од Македонското Лекарско друштво и Фондот за население на Обединетите нации,потпомогнато од Министерството за здравство,Македонската асоцијација на гинеколози и опстетичари-МАГО и Црвениот Крст на Р.Македонија.

✅Целта на отварањето на ваков тип на мобилна амбуланта е да се зголеми бројот на жени од ранливите групи,и од руралните и оддалечени места кои ќе направат бесплатни гинеколошки прегледи и да се подигне свеста за важноста од редовни скрининзи. Прегледите се најдобрата заштита од рак на Грлото на матката.

✅Контролите ги вршат истакнати гинеколози од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство и повеќе болници во државата.

п.с. Апел до родителите да превземат мерки со цел децата да се држат понастрана од местото каде што е поставена оваа амбуланта,посебно во текот на ноќта!

(важно:мобилната амбуланта ќе биде во функција се додека не биде прегледана секоја жена која ќе се пријави за преглед)

#ГраѓанинотПредСе

-соопшти Бошко Цветковски- Градоначалник на општина Лозово во врска со оваа акција.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace