Во Лозово започна со работа мобилната амбуланта во која бесплатни прегледи ќе вршат врвни гинеколози за сите жени во општината со цел превенција, рана дијагностика и спречување на опасните болести кои можат да бидат со литални последици по животот.
Градоначалникот на општина Лозово, Бошко Цветковски во јавноста упати свој апел за искористување на ваквата можност од страна на сите жени во општината како и порака за подигање на свесноста за појавата на заболувања кои можат да бидат со смртоносни последици за населението а кои со рана дијагностика можат ефикасно да бидат спречени. Потребата од редовни прегледи на женската популација е евидентна а ваквите акции придонесуваат за подигање на свеста на граѓаните за реализација на истите.
“Почитувани,
Би сакал да ве известам дека пред влезот на Домот на културата “Кочо Рацин” , денес, во општина Лозово, започна со работа мобилната амбуланта во која се нудат бесплатни гинеколошки прегледи за жените од сите населени места кои се наоѓаат во нашата општина,со цел превенција од рак на грлото на матката.
Работата на мобилните амбуланти е овозможена од Македонското Лекарско друштво и Фондот за население на Обединетите нации,потпомогнато од Министерството за здравство,Македонската асоцијација на гинеколози и опстетичари-МАГО и Црвениот Крст на Р.Македонија.
Целта на отварањето на ваков тип на мобилна амбуланта е да се зголеми бројот на жени од ранливите групи,и од руралните и оддалечени места кои ќе направат бесплатни гинеколошки прегледи и да се подигне свеста за важноста од редовни скрининзи. Прегледите се најдобрата заштита од рак на Грлото на матката.
Контролите ги вршат истакнати гинеколози од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство и повеќе болници во државата.
п.с. Апел до родителите да превземат мерки со цел децата да се држат понастрана од местото каде што е поставена оваа амбуланта,посебно во текот на ноќта!
(важно:мобилната амбуланта ќе биде во функција се додека не биде прегледана секоја жена која ќе се пријави за преглед)
-соопшти Бошко Цветковски- Градоначалник на општина Лозово во врска со оваа акција.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Се шират лажни информации помеѓу жителите на Кочани за поголем број на починати. Дополнителна тензија никому не е од корист
Градоначалникот на Општина Кочани со препораки до КЈП „Водовод“ и до Советот на Општина Кочани
Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во делчевскиот Совет поднесоа БАРАЊЕ за ставање во функција на регионален пат село Разловци- село Митрашинци