Во врска со изјавата на членот на историската комисија Ѓорѓиев кој што откри на Македонската јавност дека бугарската окупација на Македонија во Втората Светска Војна не била Фашистичка со своја реакција во јавноста се обрати пратеникот Драган Ковачки.
“Заев пред 2 години најави отстранување на зборот “бугарски” пред фашистички окупатор. Оти фашисти ја окупирале Македонија, но тие не биле Бугари. Денеска, членот на историската комисија Ѓорѓиев, ни објаснува дека имало “бугарска” окупација, но дека таа не била фашистичка. (?!)
Во стилот на Бујар Османи, не знам дали политичарот Заев се меша во историја, или историчарот Ѓорѓиев се меша во политика, но знам дека ваква карма-каша се прави кога се обидуваш да ја извртиш вистината. Не е важно тоа што ДУИ и СДСМ секојдневно се заглавуваат се’ подлабоко во своите лаги, туку тоа што и’ прават непоправлива штета на Македонија и на нејзините национални позиции и интереси.”
-соопшти Драган Ковачки- член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Македоското собрание.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Обраќање на Премиерот Мицкоски на Советот на Германско-Македонската стопанска комора
Младите ја креираат зелената иднина – Божиновска ги додели признанијата на победниците на националниот натпревар за зелени иновации
Апасиев: Фрлете им ја медицината на кучињата, таа и онака веќе не е за сиромашните