БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Шилоу Џоли Пит се повеќе се навикнува на телевизиските камери

Пренеси го гласот

Петнаесетгодишната родена ќерка на холивудските филмски ѕвезди Бред Пит и Анџелина Џоли е се повеќе и повеќе присутна во светските магазини.

Последен пат Шилоу Џоли Пит се појави на светската турнеја за промоција на филмот “Вечните” (анг. Eternals) во кој што една од главните улоги ја игра нејзината мајка Анџелина Џоли.

Шилоу уште од најмлада возраст е цел на папарацо камерите и медиумските таблоиди какко резултат на светската слава но и физичка убавина на нејзините родители.

Интересно е што на нејзина пет годишна возраст таа изразила потреба да експериментира со чувството за припадност на машкиот пол. Па така нејзината мајка Анџелина во 2011 година во една прилика изјавила дека Шилоу има потреба да се облекува како машко, чувствувајки се целосно комотно во друштво на нејзините браќа.

На почетокот на минатата година Шилоу се појавувала во јавност со машки костуми, но целосно ги изненадила нејзините обожаватели кога на светската премиера на Eternals се појавила во целосно женствен изглед.

Шилоу Џоли Пит е едно од т.н. Кралски деца на Холивуд родена од врската на двајцата славни холивудски родители.

Таа е родена на 27 Мај во 2006 година еден месец покасно од ќерката на Том Круз и Кејти Холмс- Сури Круз која што е родена на 18 Април истата година.

Со раѓањето на овие две холувудски “кралски деца” таблоидите пишуваа надолго и нашироко за тоа во какви убавици ќе се претворат кога ќе пораснат. И пополека ова нивно тогашно прашање добива се поинтензивно на манифестација во јавноста.

Креирано од:


Пренеси го гласот