“Крајно несериозно е ВМРО-ДПМНЕ, партијата која мислејќи само на провизии, направи хаос и ја уназади патната инфраструктура, сега да шири дезинформации во врска со изградбата на патиштата.
Резултатот на стручњаците од Белата палата е добро познат. Тоа се погрешни промашени проекти, без планирани клучки и пристапни патишта, бандери оставени на сред пат, грешки какви што квалитетното градежништво досега не видело, а ги плаќаат граѓаните.
Колку и да се обидува ВМРО-ДПМНЕ да манипулира, факт е дека во изминатите 5 години се изградени и рехабилитирани 1357 километри патишта во државата.
Изградбата на патните правци не запре ни за време на пандемијата, туку напротив, реализацијата на зацртаните капитални проекти ја активираше целата градежна оператива на терен. Ова придонесе градежништвото во 2021 година да има раст од 3 отсто, а бројот на работници во градежништвото да се зголеми за 1 процент.
Со тоа се демантираат сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ и институциите што ги предводи градат патишта, градинки, училишта, болници, а не фонтани, барок од стиропор и споменици.”
Стои во соопштението упатено до јавност од Центар за односи со јавноста на СДСМ.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
НУБ “Св. Климент Охридски” Скопје достојно го одбележа денешниот празник
Фатена уште една голема пратка на дрога во Македонија
Вака изгледаат интензивните градежни работи на автопатот Тетово- Гостивар на Коридорот 8 од воздух