БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Трајко Славески не им дозволува на СДСМ да ја зголемат минималната плата. ВМРО- ДПМНЕ е виновно за сиромаштијата на граѓаните

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

“За разлика од Владата предводена од СДСМ која заедно со сите засегнати страни работи на изнаоѓање на решение за зголемување на минималната плата, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да се противи на растот на платите.

Трајко Славески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Советот на Град Скопје е најгласниот противник на зголемување на минималната плата.

Претходно Славески изјавуваше дека минималната плата ќе значела крах на домашната економија, а сега тврди дека растот на минималната плата е нереален и неоправдан.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Славески како претседател на Советот на Град Скопје добива месечен надомест од околу 35.000 денари, или скоро три минимални плати за и служи на Арсовска, да работи против граѓаните, против работниците.

Неоправдано нереално и срамно е однесувањето на Славески кој со месечни примања од илјадници евра се противи на зголемување на минималната плата во услови на енергетска и економска криза.

Додека ВМРО-ДПМНЕ со години ја држеше минималната плата замрзната, СДСМ за неполни пет години ја зголеми минималната плата за над 6.000 денари и ќе продолжи да ја зголемува и понатаму.

Договор за минималната плата повторно да биде зголемена годинава ќе се најде заедно со синдикатите, со работодавачите и без поддршка од ВМРО-ДПМНЕ.”

-Вака пишува во соопштението до јавност упатено од СДСМ денеска.

П.С. Моќен некој политичар тој Трајко Славески….

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace