Македонија не добива датум за почеток на преговори со Европската унија поради корупцијата а власта предводена претходно од Заев сега и од Ковачевски како први луѓе во СДСМ и во владата со сите нивни најблиски соработници ја ставаат Македонија во понижена состојба во однос на Бугарија, во обид да се додворат на бирократите во ЕУ за добивање на датум за преговори, со надеж дека граѓаните на Македонија ќе заборават на сите штетни политики во изминатите 4,5 години власт. Вака Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ ги окарактеризира однесувањето и молкот на институциите на власта за вистинската природа на промоцијата на т.н. центар за култура “Иван Михајлов” во Битола изминатиот викенд.
Александар Николоски во одговор на прозивката дека и ВМРО-ДПМНЕ претходно кога било власт дозволувале восочни фигури на “Иван Михајлов” да бидат поставени во музеи во Македонија направи јасна дистинкција помеѓу восочните фигури во музеите и чинот на букарскиот премиер Кирил Петков кој присуствуваше на отварањето на новиот културен центар во Битола.
“Музеите се места каде што се презентира историјата. Имате восочни фигури и на Адолф Хитлер или негови слики во бројни музеи низ Европа, јас сум љубител на музеи така што можеме веројатно еден час само за тоа да зборуваме. Но тоа е сосема различно од тоа да ви дојдат премиер на соседна држава која што јасно го негира постоењето на Македонскиот јазик и на Македонскиот народ и потпретседател на истата држава и на овој начин да направат понижување.”
-соопшти Николоски наспроти обидите на одредени провладини мегафони да го минимизираат чинот на понижување на Македонскиот нардо минатиот викенд во Битола.
“Мене ми е јасно дека и Заев претходно и Ковачевски сега и СДСМ се спремни да поднесат секакво понижување само за да добијат почеток за преговори со ЕУ затоа што се надеваат дека на тој начин, народот ќе заборави и ќе им прости за целиот криминал кој што се случи во изминатиот период и за целото лошо водења на економијата и сиромаштијата која што се случува. Датумот за преговори не доаѓа пред се заради корупцијата, затоа што да сме јасни (не го кажувам ова првпат) – нема сериозен притисок врз Бугарија, а нема сериозен притисок врз Бугарија затоа што најголем дел од највлијателните земји членки на ЕУ не се убедени дека Македонија треба да почне преговори и затоа Бугарија прави ова што го прави. А од друга страна ја виткаат кичмата и Ковачевски и Заев претходно и цела владеачка гарнитура и се понижуваат на Бугарите.”
-рече Николоски разобличувајки ги обидите на Ковачевски и СДСМ по секоја цена да останат на власт во Македонија, и продолжи уште понатаму до крај да го расветли значењето на настанот во Битола.
“Клучно прашање кое што го немаше досега во јавноста е дека кога доаѓа премиер или претседател на држава тие официјално се најавуваат. Кога се најавуваат без разлика дали е службено или приватно тие ја кажуваат целта на сопствената посета и програмата затоа што ги следи државен протокол и државно обезбедување. Кога ние би одлучувале, јас еве можам во сопствено име да зборувам не би му дозволил на Петков воопшто да влезе кога би видел за каква провокација влегува. СДСМ и ДУИ во владата дозволија да државно обезбедување, државна полиција и државен протокол во вредност од неколку десетици илјади евра- пари на македонските даночни обврзници бидат потрошени за да се провоцира и понижува Македонскиот народ.”
-без политички флоскули и без политичка коректност соопшти Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во рамки на своето гостување во централните вести на ТВ Сител.
Целото интервју со Александар Николоски може да го погледнете во видеото во продолжение:


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Најава за трибина во организација на ВМРО-ДПМНЕ посветена на Гоце Делчев
Николоски: Самопрогласени „синдикални лидери“ шират лаги за изградбата на автопатот Охрид – Кичево. Ќе го завршиме на време и сите ќе му се радуваме
Пилот проект за лекување од далечина започна да се спроведува во Делчево и Дебар