БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

МПЦ-ОА: Апел за неприкосновено зачувување на македонските национални интереси!!!!!!!

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Апел за неприкосновено зачувување на македонските национални интереси!!!!!!!

Соопштeние (01.07.2022 11:27)

Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА), на својата редовна седница, одржана на 30 јуни 2022 година, разгледа повеќе прашања и настани поврзани со актуелниот црковен живот, при што ги усвои годишните епархиски извештаи, како во Татковината, така и во дијаспората, и ја проследи дејноста на црковните воспитно-образовни институции.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Светиот Синод се осврна и на случувањата поврзани со нашиот евроинтеграциски процес и упатува апел за неприкосновено зачувување на македонските национални интереси. Синодот очекува на транспарентен начин, Владата во содејство со сите надлежни општествено-политички фактори во македонското општество, да изгради став кој целосно ќе го зачува македонскиот идентитет, македонскиот јазик и култура во рамките на европските вредности. Во овој процес, историските прашања и Договорот за добрососедство со Бугарија не треба да бидат дел од преговарачката рамка.

Изразуваме надеж дека бугарските власти ќе ја согледаат реалноста и ќе се отповикаат на препораките на меѓународните институции и ќе овозможат на македонското малцинство во Бугарија да ги оствари своите основни човекови права, впрочем, на реципроцитетна основа – имајќи го предвид барањето на бугарската кон македонската страна.

Од канцеларијата на Светиот архијерејски синод на МПЦ – ОА

Креирано од:


Пренеси го гласот