БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Роднокрајни уметници од Македонска Каменица ќе бидат дел од хуманитарен настан “Небо сино” во реализација на КИЦ “Романса”

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

ХУМАНИТАРЕН КОНЦЕРТ”НЕБО СИНО” ВО ДОМОТ НА КУЛТУРАТА

Почитувани,

Фондацијата ИЦЕ БЕГОВ-СКОПЈЕ на ден 28.07.2022 година организира хуманитарен концерт под наслов”НЕБО СИНО” кој ќе се одржи во Домот на Културата во Македонска Каменица со почеток од 19 часот.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

На хуманитарниот концерт ќе настапат исклучиво роднокрајни пеачи,фолклористи,децата од Дневниот Центар за посебни потреби заедно со бендот Риплеј бенд.

Хуманитарниот концерт насловен “НЕБО СИНО” се организира со цел донираните средства да бидат наменети за набавка на неопходна опрема за сензорна соба во Дневниот Центар за лица со посебни потреби во Македонска Каменица.

Сите заинтересирани физички лица кои сакаат да донираат тоа можат да го сторат за време на хуманитарниот концерт каде што ќе бидат поставени штандови за донации,но и на следната трансакциска сметка:210075797990140 НЛБ Банка.Правните лица кои сакаат да донираат да се обратат на директорот на фондацијата Елене Бегова 075-442-970

Хуманитарниот концерт е подржан од КИЦ”Романса”и Општина Македонска Каменица.

Ќе ни биде задоволство доколку и вие со вашето присуство допринесете за децата и младите од Домот за Лица со посебни потреби да се почуствуваат среќно.

Со почит,

Фондација ИЦЕ БЕГОВ

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace