БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Населбата “Три Чешми” во Штип заличи со новото мултинаменско спортско игралиште

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Конечно жителите на штипската населба “Три Чешми” добиваат мултифункционален спортски терен каков што заслужуваат.

Во изминатиот вработени во јавното претпријатие Стипион од Штип интензивно и посветено работеа на уредувањето на овој спортски терен кој е во функција на подобрување на стандардот за живеење за жителите на оваа населба.

Станува збор за поставување на нова крута ограда, осветлување, поставување на нова подлога, спортска опрема, обележување по стандарди, пристапни патеки и поголем фонд на останати земјани и други поситни работи на адаптација на целокупниот околен терен во функција на култивирање на просторот.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Реализацијата на овој проект е во рамки на предвидените проекти на градоначалникт на Штип Иван Јорданов за граѓаните на Штип.

Директорот на ЈП “Стипион” Штип Игор Ефтимов со реализацијата на овој проект како и сите тековни проекти кои што се реализираат се надева на негова голема искористеност во периодот што следи од страна на сите возрасни категории на граѓани, при што упатува апел за одговорно користење на овој спортски терен реализиран со сретства на граѓаните на Штип.

Притоа на дневна основа продолжуваат активностите на ЈП “Стипион” на останатите работни позиции и локации ширум општината, содржани во нивниот дневен извештај за работа за текот на денешниот работен ден.

📌Дневни активности на Стипион 26.07.2022

✅ Санација на оштетен тротоар на улица Борко Талев

✅ Поставување на атмосферски цефки на пешачката патека

✅ Работа на спортското игралиште во населба Три Чешми

✅ Санирање на прекопи во населба Балканска”

-стои во извештајот за реализирани дневни активности за 26.07.2022 година.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace