БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

После децениска негрижа штипската населба Автокоманда добива нова водоводна, канализациона и улична инфраструктура

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Жителите на населбата “Автокоманда” во Штип се следните кои добиваат нова комунална и улична инфраструктура. Градежна оператива на Јавното претпријатие “Исар” од Штип работи под полна пареа на реконструкцијата на водоводната и канализационата мрежа долж улиците Браќа Даневи, 5-ти Конгрес и Солидарност во населбата која што после повеќе децении конечно добива нова инфраструктура за подобар живот на граѓаните.

Според информациите на директорот на ЈП “Исар” Трајче Здравев станува збор за реконструкција на 250 метри канализациона мрежа и 200 метри нова водоводна мрежа долж улицата “Браќа Даневи” со финансиска инвестиција од околу 1,6 милиони денари. По завршувањето на реконструкцијата на водоводната и канализационата линија која се очекува да заврши за неколку денови специјализираните екипи на надворешна приватна фирма -најповолен економски оператор ќе продолжат со реконструкција на останатите посочени две улици.

Паралелно со завршувањето на овие градежни работи екипи на фирма изведувач ќе започне со асфалтирање на овие три улици, со што ќе се заокружи целокупниот процес за обезбедување на подобри животни услови за жителите на населбата “Автоккоманда”.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов беше присутен на терен за да се увери во реализацијата на предвидената динамика со овие проекти и за целосна синхронизација на предвидените работи со цел за време на годишните одмори што е можно побрзо штипјани да ги добијат предвидените улици завршени.

“Почнуваме со целосна реконструкција на три улици во една од најнаселените населби во Штип.

“Браќа Даневи”, “5ти Конгрес” и “Солидарност”, ќе добијат нов водовод и канализација, затоа што постоечката мрежа е застарена и нефункционална, а веднаш после завршување на овој зафат, ќе пристапиме кон асфалтирање.

Населба Автокоманда после децении ќе добие модерен, функционален и урбан изглед!”

-информираше градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов на лице место во населбата “Автокоманда”.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace