Во текот на вчерашниот ден започна замената на старите дотраени решетки за прибирање и одведување на атмосферска вода од улиците во Кочани.
“Почнувајќи од денеска, па се до вторник ќе се врши замена на старите дотраени сливни решетки на атмосферска канализација на улицата „Страшо Ербапче“ и дел од улицата „Димитар Влахов“.
Ќе бидат заменети вкупно четири сливни решетки, изработени од моноблок полимер бетон, лиени, со цврста конструкција, со што нема можност за надворешни оштетувања од возилата.
Во тек се и градежните активности на новиот кружен тек на улица „Димитар Влахов“ кај Вел-Јан, а деновиве се доуредува и Градскиот Парк, се прередува коцката на мостот на ниво со целата поплочена површина во паркот.
Истовремено се замолуваат медиумите пред објавување на секоја информација, истата да биде проверена за да не би дошло до дезинформирање на јавноста. “
-информираа од општина Кочани во текот на вчерашниот ден во попладневните часови.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Манифестацијата “Пијанечки денови на сливата 2026“, познатата „Сливијада“ утре во село Град доживува нова енергија за развој
Учениците на СОУ „Миле Јаневски Џингар“ Македонска Каменица го посетија Спомен домот на Разловечкото востание во село Разловци
Ј А В Е Н П О В И К до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа