БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Градоначалникот на Македонска Каменица решен да стави крај на немањето на водовод и канализација насекаде во општината

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Секоја куќа каде што живеат граѓани, во 21 век да нема водовод и канализација е злосторство против човештвото. Политичките заложби на градоначалникот Димче Атанасовски одат токму во таа насока за обезбедување на основна комунална инфраструктура за секое домаѓинство во општина Македонска Каменица. Водоводна и канализациона линија до секој дом, како и патна инфраструктура е една од основните цели за реализација на градоначалникот Атанасовски со што Македонска Каменица ќе стане првата општина која ја има постигнато ваквата цел.

“Во девет месеци изградивме водоводна и канализациона мрежа како никогаш претходно, во речиси сите средини. Ќе продолжиме со уште поинтензивно темпо се до конечно решавање на проблемите од ваков карактер.”

-соопшти градоначалникот Димче Атанасовски за јавноста во врска со реализацијата на ваквите проекти.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Јавното Претпријатие “Камена Река” од Македонска Каменица деновиве активно работи на поставување на секундарна водоводна и канализациона мрежа за жителите на руралните населби “Павлиш Дол” и “Грчо Маало” а ваквата динамика ќе продолжи и во иднина кон останатите населени места.

“Започнавме со изградба на нови водоводни линии и сегменти од секундарната водоводна мрежа за потребите на жителите на Македонска Каменица од приградските населби Павлиш Дол и Грчко маало.”

-информираат од ЈП “Камена Река” од Македонска Каменица.

Креирано од:


Пренеси го гласот