БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Се воведува забрана за извоз на семе од сончоглед

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

“Владата на Република Северна Македонија денеска ја усвои одлуката за воведувањето на забрана за извоз на семе од сончоглед. Рокот на примена на оваа одлука ќе важи до 31 декември 2022 година.

👉Ваквата одлука ќе овозможи по завршување на жетвата најпрво да се снабди домашниот пазар односно домашните капацитети на производство на масло од сончоглед за јадење.Во #МЗШВ беа одржани состаноци со производители и откупувачи на сончоглед при што беше заклучено дека во државата има доволни количини и финансиски средства за откуп на сончогледот од регистрираните откупни претпријатија.

👉Во 2022 година очекуваме производство на 11.800 тони сончоглед и имаме доволни количини за покривање на 2 месеци од домашните потреби.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

✅МЗШВ креираше неколку мерки за поддршка на производството на сончоглед. За прв пат оваа година преку интервентната програма се обезбеди финансиска поддршка за вештачко ѓубриво за сончоглед и тоа 40% од цената или 2.500 денари по хектар како дополнителна мерка на основната финансиска поддршка по 11.000 денари на хектар без користење на сертифициран семенски материјал и по 15.000 денари на хектар со користење на сертифициран семенски материјал; -дополнителна мерка за произведен и предаден сончоглед со минимум 1.500 кг/ха во регистрирано откупно претпријатие, во износ од 5.760 ден/ха.”

Извор: Љупчо Николовски- Министер за земјоделие, шумарство и водостопанство

Креирано од:


Пренеси го гласот