БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Започна рехабилитација коловозот на влезот во Штип

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Рехабилитација на асфалтниот слој на двете коловозни ленти на булеварот Гоце Делчев на влезот од едната страна на Штип, како и изградба на тротоарите и уредување на разделната лента на булеварот е проект кој што се реализира во соработка на општина Штип и Државната компанија Јавни патишта. Досега во рамки на овој капитален ифраструктурен проект со кој што значително ќе се подобрат сообраќајните услови за сите граѓани кои гравитираат по оваа патна делница се изградени двата тротоари а денеска започна и рехабилитацијата ан коловозот. Конечното уредување на разделната лента на булеварот на оваа делница се очекува да финишира во есента која следува кога хортикултурно и со дрвни садници ќе биде облагороден овој јавен простор.

Градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов изрази благодарност до јавното претпријатие за државни патишта за воспоставената соработка во рамки на овој проект.

“Од денес започнува уредувањето и реконструкцијата на влезниот булевар „Гоце Делчев“ преку Јавното Претпријатие за државни патишта.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Реконструкцијата предвидува асфалтирање на коловозните ленти на потегот од кружниот тек пред нас. Пребег, до кружниот тек пред нас. Железничка, кој е оштетен поради преголемата фрекфенција на товарни возила во изминатиот период.”

-соопшти Градоначалникот Јорданов денеска во јавноста.

Креирано од:


Пренеси го гласот