БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Сакате и вие од источна Македонија помош од 130 мил евра за нови вработувања? Сакате концерт како тој во Чаир што ќе личи на Exit?

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во државата во која Артан Груби дојде ред да објавува странски инвестиции веројатно одамна е оддувана од промајата која лом прави на овие простори последниве неколку години. И нормално државата ќе треба да даде 130 милиони евра помош за оваа странска инвестиција која да ти била германска. Пази “бугати”?!? Македонија дава помош на германска компанија ОД 130 МИЛИОНИ ЕВРА за да вработува работници и да прави профит…. “И одозгора на тога” ќе се правеле електрични автомобили како ударен елемент во програмата на ДУИ-нг бизнис која од милитантна стана зелена организација.

По објавата на г-донот Груби, следуваше и фуриозната објава на премиерот Димитар Ковачевски кој побрза да соопшти во јавноста дека на денешната владина седница донеле одлука за доделување на помошта од парите на Македонските даночни обврзници од цела Македонија за отварање на фабрика во Тетово.

“На денешната владина седница ја одобривме владината поддршка за да се реализира оваа мултимилионска германска инвестиција, која ќе даде голем придонес во македонската економија.”

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

-соопшти Димитар Ковачевски фуриозно на социјалните мрежи…

Информациите достапни во јавност за германската компанија која што ќе ја добие оваа радикално сериозна сума на пари од 130 милиони евра како помош за развој на својот бизнист од Македонската осиромашена економија, говорат дека фирмата не котира добро во бизнис круговите во Германија а уште полошо стои во Европа како и на светско ниво…

Пеењето песни од типот “ЕВРОПА, ЕВРОПА, ЕВРОПА…” од страна на Ангела Меркел а и Урсула Фон Дер Лејен неодамна се повеќе имаат смисла во овој “плен се плени- народот се чешла” план за испумпување на огромни буџетски сретства на осиромашените македонски даночни обврзници на сметката на странски-германски инвеститор.

Овде нешто смрди! Смрди та корне!

И за да биде пародијата целосна Артан Груби истовремено најавува трошење на 70 илјади евра за организација на фестивал во Чаир кој што во иднина ќе прераснел како фестивалот Exit во соседна Србија.

Веќе не е доволно да не им се верува на актуелните властодршци!

Потребен е општ граѓански активизам за “дефтосување” на актуелната влада од власт во Македонија.

Пишува: Кирчо Анастасов

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace