Сообраќајот на булеварот “Гоце Делчев” во Штип од денеска па се до завршувањето на градежните работи ќе биде невозможен за што возилата ќе бидат пренасочувани по втората сообраќајна лента за влез во Штип.
“Ве известуваме дека од денес па до завршување на градежните активности Булевар Гоце Делчев ќе биде затворен за сообраќај на потегот од кружниот тек кај Хамачи се до кружниот тек кај бензинската пумпа Лукоил при излез од Штип. Сообраќајот ќе биде регулиран така што булеварот Гоце Делчев за влез во Штип ќе биде двонасочен.”
-информираат од ЈП “Исар” Штип.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
ПОВИК ЗА МЛАДИ: БЕСПЛАТНО УЧЕСТВО НА CASSINI SPACE CAMP
Делчево- единствената општина од регионот која го доби престижното признание “Младински пријателски град”