Извршниот продуцент Роланд Емерих одговорен за култните филмски спектакли “Ден на независноста”, “Ден после утрешнината” “2012”, “Пад на месечината” и други, на флмското платно ја носи адаптацијата на операта “Волшебната флејта”.
Станува збор за магично патување на главниот протагонист низ различни временски епохи, со помош на магија, со помош на љубов и возбудливи доживувања.
Трејлерот на филмот изгледа визуелно возбудливо и заслужува да биде погледнат особено од помладата генерација преку што новите генерации ќе бидат поврзано со безвремеското дело на Волфганг Амадеус Моцарт.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Нова авторска песна на Игор Јагуриноски: “Блуз во душата”
Најава за музички спектакл: Бојана подготвена за дружба со тетовската публика на настан кој долго се очекуваше
ВО МАГИЧЕН АМБИЕНТ ВИКЕНДОВ СЕ ОДРЖА „ПОТОЧИЊА 2026“